Судски пресуди во Србија покажуваат дека група српски државјани била вклучена во предизвикување инциденти во Франција и Германија по налог на руски разузнавачки структури, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Според документите до кои имал пристап медиумот, тројца осудени за шпионажа и поттикнување расна дискриминација склучиле договор за признавање на вина со Високиот суд во Смедерево.
Во пресудите се наведува дека активностите биле насочени кон еврејските и муслиманските верски заедници со цел да се зголемат меѓуетничките и меѓурелигиските тензии во Франција и Германија.
Судските документи покажуваат дека групата добивала инструкции и финансиска поддршка од структури поврзани со руските разузнавачки служби.
Иако српските власти официјално не ја именувале руската служба како организатор на инцидентите во Париз и Берлин, документите на судот, според РСЕ, укажуваат на директна поврзаност со руските служби.
РСЕ имал увид во пресудите против тројца српски државјани кои биле уапсени кон крајот на септември 2025 година заедно со уште осум осомничени.