Русија се обидела да го блокира WhatsApp – наместо тоа ја турка државната апликација MAX

Руските власти се обиделе целосно да го блокираат WhatsApp за да ги насочат корисниците кон државната апликација MAX, тврди Meta. Потегот е дел од поширока стратегија за контрола на дигиталните платформи.

Американската технолошка компанија Meta соопшти дека руските власти се обиделе целосно да ја блокираат комуникациската апликација WhatsApp со цел корисниците да ги пренасочат кон конкурентска услуга под контрола на државата.

„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp за да ги насочи граѓаните кон државна апликација под надзор“, соопштија од Meta, додавајќи дека компанијата презема мерки за корисниците да останат поврзани.

Отстранување од регистарот

Според „Фајненшл тајмс“, руските власти го отстраниле WhatsApp од интернет-регистарот на апликации што го води државниот регулатор Роскомнадзор. Во Русија оваа апликација има околу 100 милиони корисници.

Овој чекор се толкува како дел од поширока стратегија за ограничување на пристапот до платформи кои не се под директен надзор на руските безбедносни служби.

Руското регулаторно тело претходно оваа недела воведе ограничувања и за апликацијата Telegram, пренесе агенцијата France Presse.

Притисок за премин на MAX

Руските власти отворено го промовираат преминот кон домашната апликација MAX. Критичарите предупредуваат дека оваа платформа овозможува засилен надзор и контрола врз комуникациите на корисниците, пишува Reuters.

Потегот повторно ја отвора дебатата за дигиталните слободи и државниот надзор во Русија, особено во контекст на зголемените ограничувања врз странските технолошки компании.

Извор:, Reuters, France Presse

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни