Од Русија лансирани три ирански сателити во орбитата

Сателитите се дел од продлабочената вселенска соработка меѓу Москва и Техеран
Screenshot: X

Од Русија денеска беа лансирани уште три ирански сателити во вселената со помош на руски ракети-носачи „Сојуз“, соопштија иранските државни медиуми. Лансирањето е дел од проширувањето на вселенската соработка меѓу Русија и Иран, две држави кои се под меѓународни санкции на САД и нивните сојузници.

Иран во последните години сè повеќе се потпира на Русија кога станува збор за испраќање сателити во орбитата. Според официјалните информации, целта на новите сателити е следење на развојот на земјоделството, мониторинг на природните ресурси и заштита на животната средина.

Иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали, изјави за државната телевизија дека сателитите биле дизајнирани и произведени од ирански научници „и покрај сите санкции и закани“, алудирајќи на западните мерки поврзани со нуклеарната програма на Техеран. Тој додаде дека соработката со Русија опфаќа повеќе области, од кои дел, како што рече, не сакаат јавно да ги појаснат.

Иранската новинска агенција ИРНА соопшти дека сателитите Паја, Зафар 2 и Косар се наменети за ниска Земјина орбита. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, Москва и Техеран значително ги продлабочија своите односи, додека западните земји го обвинуваат Иран дека ѝ обезбедува ракети и беспилотни летала на Русија за напади врз Украина. Техеран ги негира овие тврдења.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни