Агроекспорт наведува дека, според проценките на аналитичкиот центар Русагротранс, извозот на жито од Русија е зголемен за околу пет отсто во однос на претходната година кога изнесуваше 68,6 милиони тони, пренесува Мина.
Најголеми увозници на руско жито лани биле Египет со 11,1 милиони тони, потоа Турција со 7,2 милиони тони, Иран со 5,6 милиони тони, Саудиска Арабија со 4,6 милиони тони и Бангладеш со 3,9 милиони тони.
Агроекспорт предвидува дека до 2030 година извозот на руски житарки ќе изнесува повеќе од 75 милиони тони со вредност од над 17 милијарди американски долари.
Се очекува пченицата да сочинува околу 80 отсто од вкупната количина, а пченката и јачменот по десет отсто.