Русија почна да ја ограничува употребата на Ватсап и Телеграм за милиони корисници

Русија почна со ограничување на одредени повици на „Телеграм“ и „Ватсап“, додека истовремено развива своја државна апликација
Фото: Yuri Samoilov, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Русија почна да ограничува некои разговори на Телеграм и Вaтсап, обвинувајќи ги странските платформи дека не споделуваат информации со агенциите за спроведување на законот во случаи на измама и тероризам, соопшти Министерството за дигитален развој, пренесува Ројтерс.

Платформата за разменување пораки, „Ватсап“, соопшти дека Русија се обидува да го спречи користењето на неговите услуги, бидејќи апликацијата, која е дел од Мета, им овозможува на корисниците сигурна комуникација.

Компанијата вети дека ќе продолжи да нуди услуги за заштитени разговори во Русија. Претходно, Русија започна со ограничување на одредени повици на „Телеграм“ и „Ватсап“, обвинувајќи ги странските платформи дека не споделуваат информации со органите за спроведување на законот во случаи на измама и тероризам.

„Ватсап е приватен, целосно енкриптиран и се спротивставува на обидите на владата да го прекрши правото на луѓето на безбедни комуникации, поради што Русија се обидува да го ‘блокира’ пристапот до своите повеќе од 100 милиони луѓе”, се вели во изјавата на компанијата.

Во продолжение на изјавата се вели: „Ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да им обезбедиме на луѓето насекаде, вклучително и во Русија, пристап до енкриптирани комуникации.”

Од „Телеграм“, пак, изјавија дека модераторите на платформата користат алатки за вештачка интелигенција за да ги надгледуваат јавните делови од платформата и секојдневно отстрануваат милиони злонамерни пораки. „Телеграм активно се бори против злонамерната употреба на својата платформа, вклучително и повици за саботажа, насилство и измама”, стои во нивното соопштение.

Веќе неколку години Русија е во несогласување со странските технолошки платформи во врска со содржината и начинот на складирање на податоците. Тензиите се зголемија откако руската армија ја нападна Украина во февруари 2022 година, а критичарите тврдат дека Москва има за цел да ја прошири својата контрола врз интернет просторот во земјата.

Во меѓувреме, претседателот Владимир Путин одобри развој на државна апликација за пораки интегрирана со владини услуги, додека Москва се стреми да воспостави она што го нарекува дигитален суверенитет преку промовирање на локални услуги и намалување на зависноста од туѓи платформи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни