Настанот „Рурални домаќинства – Spirit of Prespa“ ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари 2026 година, во периодот од 10:00 до 17:00 часот, во просториите на Јавна Соба.
Настанот е посветен на промоција на руралниот туризам и локалните земјоделски производители од регионот на Преспа.
Организатори на настанот се: Јавна Соба, Земјоделски институт – Скопје, Министерство за култура и туризам, Амбасада на Република Словенија и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.
