Румена го потпишува Тони

Денеска, во книжарницата ,,Три” во трговскиот центар ,,East Gate”, со почеток во 18:00 часот, ќе имате можност да ја запознаете писателката Румена Бужароска, како и да го добиете нејзиниот роман со автограм.

Првиот роман на нашата современа писателка Румена Бужаровска ги освои и ги шокира читателите. Или, како што кажаа многумина, „ги тресна од земја“.

Брутално комичен и длабоко трагичен, романот на Румена Бужаровска се чита во еден здив. „Тони“ е вистинскиот избор ако сакаш да се преиспиташ себеси, но и своите блиски, токму пред уште еден заеднички почеток. А секако, и да ги подобриш своите новогодишни одлуки!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни