Рубио: САД со „непоколеблива поддршка“ на целите на Израел во Газа

„Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа подобра иднина може да започне само кога Хамас ќе биде елиминиран“, рече Рубио

Денес во Ерусалим, американскиот државен секретар Марко Рубио вети „непоколеблива поддршка“ од Вашингтон на Израел во остварувањето на неговите цели во Појасот Газа и спомена „елиминација“ на палестинското движење Хамас.

„Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа подобра иднина може да започне само кога Хамас ќе биде елиминиран“, рече Рубио на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот министер оцени дека Хамас е охрабрен од потезите на Франција, Велика Британија и другите за признавање на палестинската држава и дека станува збор за „претежно симболични“ потези.

Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп „продолжува со кампањата за максимален притисок“ врз Иран за да го спречи да развие нуклеарно оружје.

Рубио беше во Израел неколку дена откако Израел се обиде да ги убие лидерите на Хамас кои живеат во Доха, главниот град на Катар, напад што предизвика протести од многу земји и негодување од страна на Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни