Рубио: САД ќе ја преземат венецуеланската нафта и ќе ја продаваат по пазарни цени

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека САД ќе преземат десетици милиони барели венецуеланска нафта, ќе ја продадат по пазарни цени и ќе го контролираат користењето на приходите.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Американски Држави ќе преземат десетици милиони барели венецуеланска нафта и ќе ја продадат на светските пазари по пазарни цени.

Во изјава дадена пред новинарите на Капитол Хил, Рубио нагласи дека Вашингтон ќе се погрижи средствата добиени од продажбата на нафтата да бидат распределени на начин што ќе му користи на венецуеланскиот народ, а не на корупцијата или на актуелниот режим во земјата.

„Ќе преземеме меѓу 30 и 50 милиони барели нафта. Ќе ја продадеме по пазарни цени, а не со попустите што Венецуела досега ги добиваше. Потоа, внимателно ќе го контролираме начинот на распределба на средствата, за тие да бидат во корист на граѓаните на Венецуела, а не на корупцијата и режимот“, изјави Рубио.

Тој додаде дека САД ќе обезбедат американските, западните и другите меѓународни компании да имаат фер и рамноправен пристап до венецуеланскиот пазар.

Рубио го опиша овој договор како резултат на американскиот „нафтен карантин“, нагласувајќи дека венецуелските власти се свесни дека без соработка со САД не можат да извезуваат нафта и да остварат приходи без да се соочат со сериозен економски колапс.

„Тие разбираат дека единствениот начин да ја пласираат нафтата и да обезбедат приходи е соработка со Соединетите Американски Држави“, рече Рубио.

Американскиот дипломат, исто така, потврди дека денеска биле запленети два нафтени танкера и додаде дека привремените венецуелански власти изразиле желба нафтата од еден од тие бродови да биде вклучена во договорот, пренесува CNN.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни