Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младдинци (ТДМ) во режија на Јакуб Максимов, ја освои наградата за најдобра претстава од жирито на Фестивалот на детски театри во Котор (Црна Гора).
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Петар Стојанов, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска.
Општиот впечаток е дека оваа претстава, пред сè, носи оптимистична порака за другарството кое победува. Посебно се истакнуваат сценографските решенија, кои меѓу другото, придонесуваат за магијата која ја носи оваа приказна. Претставата не потсетува дека најважно од сè е да се прифатат различностите и само така може да ги надминеме препреките, се вели во образложението на жирито.
Ова е втора награда за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“. Претходно, претставата на Театарот за деца и младинци од Скопје ја доби наградата Гран при за најдобра претстава на фестивалот „Новосадски театарски игри“.