Роналдо го предупреди Мбапе

Кристијано Роналдо го предупреди Килијан Мбапе дека ќе му биде тешко да се прилагоди на новата позиција. По преселбата во Реал Мадрид, Французинот игра во центарот на нападот, а во Пари Сен Жермен најчесто беше крило. Роналдо ја направи истата транзиција во една фаза од кариерата.

„Комплицирано е затоа што според мене тој не знае да игра како напаѓач или подобро кажано, не е дека не знае, но тоа не е негова позиција. Да бев во Мадрид, ќе му покажав како да игра како број девет“, рече Кристијано.

Португалската ѕвезда ги повика Реал и навивачите на тимот да му дадат поддршка на Мбапе, опишувајќи го како најдобар напаѓач во светот. Португалецот призна дека повремено ги гледа натпреварите на Килијан и додаде дека на неговиот син Матео многу му се допаѓа Французинот.

„Тој е многу добар. Навивачите мора да го поддржат и да го бранат. Клубот мора да помогне. Нема сомнеж дека ќе им донесе многу радост на навивачите на Реал. Го сакам, не само поради неговата приказна како дете, како го сакал Кристијано и дека јас сум му идол. Мислам дека е врвен играч“, изјави Роналдо. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни