„Се сретнав со MrBeast за да го срушам интернетот“, е името на видеото кое заедно го снимија најпопуларниот фудбалер на денешницата и најпопуларниот јутјубер на денешницата. Многумина предвидуваа дека Јутјуберот ќе му биде мистериозниот гостин на Роналдо.
Пред камерите разговараа на повеќе теми, а MrBeast му даде совет на Роналдо како да го подобри својот канал на Јутјуб, иако можеби навистина нема потреба од таков совет со оглед на тоа што веќе има речиси 70 милиони претплатници. „Дали се плашиш дека ќе те надминам?“ го праша Роналдо.
И токму така почна муабетот. Роналдо го праша јутјуберот што мисли за тоа што успеал да собере 60 милиони претплатници за еден месец, додека на MrBeast му биле потребни 13 години за тоа.
„Искрено, мислев дека ќе добиете 20-30 милиони во првиот месец“, рече MrBeast. „Кога собравте 60 години, реков: О, Боже. Најмногу претплатници, пред вас, за еден месец беа 20 милиони, а тоа бевме ние“, додаде тој.
Тогаш MrBeast го праша Роналдо како се чувствува што е најследен човек во светот.
„Ок достигнување, но не ме изненади. Свесен сум за страста што луѓето ја имаат кон мене, но и кон фудбалот“, изјави не толку скромниот Роналдо. MrBeast исто така го праша дали има шанса да го види Роналдо како игра покрај неговиот син Кристијано Џуниор.
„Ќе видиме како ќе ме служат нозете, има само 14 години“, енигматично изјави фудбалерот.
За три часа нивниот разговор бил прегледан речиси четири милиони пати.
Роналдо во август го започна својот Јутјуб проект UR Cristiano и веќе е еден од најследените канали на Интернет.
Mr Beast има повеќе од 500 милиони следбеници на социјалните мрежи, што го прави најследен креатор во светот. Вистинското име на MrBeast е Џими Доналдсон и тој има повеќе од 320 милиони претплатници на неговиот главен канал на YouTube и речиси 9 милијарди прегледи само во минатата година. Неговата заработка оваа година била 85 милиони долари.
Сето ова благодарение на видеата на кои се прикажани екстремни акробации (преживување во пештера една недела) и различни предизвици (поминување 100 дена во бункер за да се освојат 500.000 долари).