Ромски песни на последната вечер на ОФФест

Вечерва, во киното Фросина во Младинскиот Културен Центар, со почеток во 20:00 часот, во рамките на овогодинешното издание на фестивалот ОФФест, ќе имате можност да уживате во настапот на Јулија Козакова и нејзините прекрасни вокални интерпретации на некои од најубавите ромски песни од Централна Европа.

Словачката пејачка Јулија Козакова е најпозната по својата соло кариера и нејзиниот албум “Manuša“ од 2022 година. На ова издание таа внесе нов дух во некои од традиционалните ромски песни кои што се вкоренети во Словачка и Централна Европа. Од нејзините 13 години Јулија свири со ромски музичари, а од соработките се истакнува онаа со чешката пејачка Ида Келарова. Деби албумот “Manuša” го отвори меѓународниот хоризонт за нејзините прекрасни интерпретации и таа настапи во Велика Британија, Белгија, Италија, Естонија, Чешка и нејзината родна Словачка. Реакциите на медиумите беа одлични и албумот беше највисоко рангираното словачко издание во жанрот „музика на светот“ на World Music Charts Europe, а ја доби и Radio Head наградата во истата категорија. Јулија Козакова има диплома од SOAS University of London а во моментов студира и џез пеење на Академијата во Брно. Козакова на ОФФест ќе настапи во формација на трио, придружена од гитара и бас.

JÚLIA KOZÁKOVÁ voice
ZSOLT VÁRADY guitar
JÁN RIGO bass

Билетите по цена од 300 денари можете да ги набавите на следниот линк:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни