Ромската фондација за Европа е за да го редифинира начинот на кој Ромите се организираат

„Отсекогаш сонувавме да имаме своја транснационална политичка основа која има кредибилитет, компетентна е и доволно решена да ги натера политичарите да не слушнат, да ја почувствуваат нашата моќ“.

Раководителите на Ромската фондација за Европа зборуваат за потеклото и целите на оваа Фондација . За Европа во која Ромите се целосно интегрирани и активно придонесуваат во развојот и стабилизирањето на пазарот на трудот во земјите во кои живеат.

Неда Коруновска, заменик претседател за анализи и резултати, изјавува: Рома фондацијата го редефинира начинот на кој ромите се организираат, Ромите се мобилизираат, промовирајќи решенија, кои што не се само полезни за нив, туку за Европа, заедно со Ромите како идни работници, решение за континентот кој што старее, за неговите демографски предизвици.“

Кинга Рети, извршен заменик претседател, потенцира: „Градиме силни, здрави, легитимни, експертски организации, како што се РЕФ, РЕДИ, ЕРИАК, на пример. Придонесуваме кон изградба на заедници кои што зборуваат за себе, делуваат за себе, одлууваат за себе“.

Жељко Јовановиќ, претседател на организацијата вели: „Рома Фондацијата за Европа е резултат на размислувањата, идеите и работата која што ја испробавме, тестиравме и која функионира во изминатите години. Тоа е организација која треба да го доизгради наследството од фондацијата Отворено општество, која што инвестира многу труд, енергија и средства во изградба на лидерство во големите ромски организации, лидерство кое што е компетентно, но во исто време лидерство кое може да работи заедно како колектив“.

Менсур Халити, заменик претседател за демократија и развој на мрежата, нагласува:  „Отсекогаш сонувавме да изградиме своја транснационална, политичка фондација која има доволен кредибилитет, која што е доволно компетентна и доволно одлучна за нашиот следен чекор кој што ќе не крене на едно повисоко ниво, што ќе ги натера политичарите да не слушнат и да ја почувствуваат нашата сила.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни