„Со длабока тага ги оплакуваме изгубените животи и иднината на 59 млади луге – следната генерациjа на Северна Македониjа. Семеjствата, приjателите и сите кои се погодени од оваа незамислива загуба се во нашите мисли и срца. Денес jа посетив амбасадата во Брисел за да изразам сочувство и солидарност“ напиша Јованович.
Тој додава дека оваа трагедија не е само длабока лична тага, туку и болна последица на пропустите во системот.
„Ова никогаш не смееше да се случи и не можеме да дозволиме да се повтори. Потребна е вистинска акциjа за заjакнуване на системите што треба да ги штитат лугето, особено младите. Нека споменот на оние што ги загубивме биде повик за промена – за поодговорно општество, за безбедност и за иднина во коjа повеке нема да жалиме за трагедии што можеле да бидат спречени“ заклучува Јованович.