Сандру оцени дека, со оглед на растечката „носталгија“ за комунизмот, потребни се законски мерки кои ќе ја спречат глорификацијата на тоталитарните идеологии.
Според анкета спроведена од IICCMER, речиси 48 отсто од Романците сметаат дека животот под комунистичкиот режим бил подобар, додека 55,8 отсто веруваат дека тој режим бил „прилично добра работа“ за земјата.
Сандру предупреди на сериозните последици доколку ваков закон не се донесе навреме, велејќи дека тоа може да доведе до „рехабилитација“ на тоталитарните симболи и дестабилизација на општеството.
Тој апелираше до политичките партии да реагираат брзо, со цел да го спречат ширењето на комунистички симболи во јавниот простор и да ги заштитат демократските вредности на Романија.