Романот „Турнеја“ на Огненовски доби хрватско издание

Излезе од печат хрватскиот превод на романот „Турнеја“ на Сашо Огненовски во издание на издавачката куќа „Неолит“ од Копривница, Хрватска. Преводот на хрватски јазик е на Борјана Прошев Оливер. После
бугарското издание од страна на издавачката куќа „Изида“ од Софија, ова е втор превод на овој роман.


Романот „Турнејата“ од современиот македонски писател Саша Огненовски е напната сатира сместена под рефлекторите на светските театарски сцени, кои се покажуваат како многу опасно место. Новооснованиот Македонски царски театар оди на светска турнеја. Репертоарот вклучува ново читање на Шекспировиот Хамлет, што всушност е метафора за македонските ситуации и историја. Комбиниран состав од најдобрите македонски актери ќе тргне на турнеја на 1 април, денот кога се прават шеги. Но турнејата не е шега, баш е
сериозна работа, замислена повеќе за сопствена промоција отколку за доброто на театарот од амбициозен режисер наречен Булдог, со причина. Лондон, Истанбул, Пекинг, Сиднеј, Њујорк… светските метрополи се редат, а во секоја од нив исчезнува по еден член од театарската трупа. Што се случува? Дали избегале сами или некој ги киднапирал, а можеби и ги убива? Како и во најнеизвесниот криминалистички роман, „Булдог“, заедно со читателите, го бара одговорот на прашањето кој и зошто сака да го уништи
најамбициозниот македонски театарски проект во поновата историја. После бугарското издание од страна на издавачката куќа „Изида“ од Софија, ова е втор превод на овој роман. Македонски издавач на овој роман е издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни