Романот „Јод“ како моќен глас во копнежот по чесност, вистинољубивост и праведност

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер од 19 часот  ќе биде промовиран романот„Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков, издание на „Или-или“

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва се промовира романот„Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков, издание на „Или-или“.

Романот е „критика на современото општество, а истовремено и моќен глас во копнежот по чесност, вистинољубивост и праведност“.

Романот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Република Хрватска, неочекувано го менува правецот во вивисекција на човештвото и соочување со болката од исчезнатите морални вредности. Во ослабена физичка, и дискутабилна ментална состојба, протагонистката низ едно деноноќие се соочува со неморалното и срамно однесување на поединците за кои вели дека се производ на разнишаните општествени столбови и се директна закана за опстанокот на човекот како разумно суштество.

Снежана Младеновска Анѓелков (Скопје, 1977) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ-монтажа во 2000 година, а во 2012 магистрирала во оваа област. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011, „Или-Или“) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и потоа имаше уште четири изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни