Романија потврди два случаи на лепроза

Романските здравствени власти соопштија дека се потврдени два случаи на лепра кај масерки што работеле во бања во градот Клуж, на северозападот од земјата.

Ова се првите регистрирани случаи на ова ретко заболување во Романија по повеќе од четири децении, пренесува Ројтерс.

Според Министерството за здравство, уште две лица се тестирани, а заболените, две државјанки на Индонезија на возраст од 21 и 25 години, веќе се наоѓаат на лекување.

Министерот за здравство Александру Рогобете изјави дека корисниците на бањата не треба да стравуваат, бидејќи за пренос на лепрата е потребна подолга и интензивна изложеност на заболено лице.

Една од пациентките неодамна се вратила од Азија, каде што поминала еден месец со својата мајка, која во моментов, исто така, се лекува од истата болест, пренесе државната агенција Агерпрес.

Здравствените власти ја затворија бањата во Клуж додека трае истрагата и се спроведуваат дополнителни проверки.

Според Министерството за здравство, последниот потврден случај на лепроза, позната и како Хансенова болест, во Романија бил регистриран пред 44 години.

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни