Романија со најниска стапка на наталитет во последните 100 години

Од 1960 година забележлив е тренд на намалување на бројот на родени деца во ЕУ

Романија, лани, регистрираше најниска стапка на наталитет во последниот век. Во 2024-та година во земјата биле родени помалку од 150.000 бебиња.

Многу романски села регистрираат стареење на населението, а во урбаните области, многумина избираат да ја стават својата кариера на прво место и да имаат деца на подоцнежна возраст. Поради недостигот на деца, некои училишта и градинки беа принудени да се затворат.

Сепак, романските специјалисти промените ги припишуваат на нормален процес на модернизација кој не треба никого да плаши.

„Јас самиот не би се плашел од ова, ние зборуваме за процес кој се одвива во многу европски земји“, рече Богдан Воику, социолог на Романската академија . „Демографски гледано, Романија почна да се модернизира пред неколку години“, додаде тој.

Пред речиси сто години, односно во 1930 година, Романија регистрирала повеќе од 480 илјада раѓања годишно, наспроти 150-те илјади во 2024-та година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни