Roma Rock School училиште за млади рок таленти

Roma Rock School е место каде млади таленти можат да се развиваат и да творат. Училиштето е регистрирано официјално во мај 2017 година. Алвин Салимовски, наставник и музичар, за тој период вели – „Најпрвин почнавме јас и колегата Неврус во ОУ Браќа Рамиз Хамид каде што направивме еден повик каде што се појавија повеќе ученици што веќе знаат да свират на некој инструмент. Идеjата беше да направиме нешто поразлично од досега. Направивме еден бенд од 7 ученици и во рок од 3 месеци учениците вежбаа познати рок алтернативни кавери и на крајот во декември имавме концерт во Маракана.

Првиот концерт беше изненадувачки за целата публика затоа што до сега немаат слушнато такво нешто, односно познати рок бендови измешани со ромскиот традиционален мелос каде што вметнавме кларинет, саксофон , тарабука и така некои типични инструменти што ја одликуваат ромската традиционална музика.

Во 2018 официјално почнуваме со нов проект заедно со сегашните наши партнери- Musicians without borders, Fontys Rock Academy oд Roma Rock School Holandija, Mitrovica Rock School, Clash oд Berlin I Balkan Trafik festival od Brisel. Значи вклучени сме шест организации, две работат со музика. Музичкото образование во нашата организација е сосема бесплатно и учествуваат ученици од било каква националност, иако името на организацијата е Roma Rock School тоа не значи дека само имаме Роми ученици туку имаме и други националности.“

За причините за основање на ова училиште, Алвин додава: Знеме нели дека ромите се многу талентирани за музика, но од друга страна преку едно истражување дознав дека од основање на Факултетот за музичка уметност во скопје, заклучно со 2015 година имаме само 15 дипломирани Роми. И покрај тоа што имаме огромен талент за музика. Најголемиот проблем за ваквата мала бројка беше и е всушност приемниот испит во средното  музичко и на факултет затоа што имаат два приемни испити од кои едниот е инструмент а вториот е теорија на музика или солфеж. Најголемиот проблем беше и е испитот за теорија на музика и солфеж, затоа што обично децата не се музички образувани и не можат да се запишат поради таа причина. Значи идејата всушност беше да ги образование децата со цел да им овозможиме да можат да се запишат во средно музичко или на факултет.

Главната цел е да имаме краен продукт односно песна. Така да учениците воопшто не размислуваат на таа тема, дали е некој Ром, Македонец, Албанец итн. Тоа всушност кажува и за името на проектот односно Music Connects (Музиката поврзува). Сметаме дека сме постигнале резултати и дека сме на добар пат, заклучи Алвин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни