Рокот за аплицирање за Годишни проекти од областа на културата продолжен до 5 ноември поради технички проблеми

Министерството за култура и туризам информира дека, поради техничките проблеми кои настанаа од преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник) до 16:00 часот. И оваа година, слично како и претходните неколку години, рокот за аплицирање е продолжен поради технички причини, со цел да им се овозможи на сите заинтересирани апликанти непречен пристап до системот и успешно поднесување на своите проекти.

Исто така, потенцирaат сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни