Рокенролот не е мртов: Д Фестивал ги собра љубовта, слободата и новата музика на едно место

На деветнаесеттото издание на Д Фестивал, бендови како Паркети и Буч Кесиди, заедно со диџеј Нино Флудер, потсетија дека музиката е младешка бунтовност полна љубов и болка, но и моќен начин на едукација преку музика. Атмосферата беше жива, искрена и отворена – баш како што треба да биде секој вистински фестивал.
Фото: Стефан Катранџиски

На Д Фестивал, бендови како Паркети и Буч Кесиди, заедно со диџеј Нино Флудер, потсетија дека музиката е младешка бунтовност полна љубов и болка, но и моќен начин на едукација преку ноти. Атмосферата беше жива, искрена и отворена – баш како што треба да биде секој вистински фестивал.

„Рокенролот е една од најубавите работи во овој ебан свет. Тоа е младешка, слободна енергија на сакање, на неплашење да бидеш повреден“, изјави Сашо Паркети за ТРН, пред настапот на Д Фестивал. Тој се присети на атмосферата од деведесеттите години, кога, како што вели, „95-та во Штип се викаше девет километри, беше еден од најјаките фестивали во Македонија“.

Фото: Стефан Катранџиски

За Паркети, најубавите песни се напишани со скршено срце, а токму тоа е суштината на рокенролот – да боли и да лекува истовремено.

Српскиот бенд Буч Кесиди, кој веќе има силна врска со македонската публика, подвлече дека фестивалите создаваат „пријателска атмосфера со широк спектар публика“ и се осврна на борбата на студентите во Србија – ја поддржа нивната борба за правда и слобода.

Своја поента додаде и диџеј Нино Флудер, кој нагласи дека фестивалите имаат мисија: „Без разлика какви правци претставуваме, целта е да едуцираме преку музика, да донесеме поразлични жанрови и да им отвориме нови видици на публиката.“

Фото: Стефан Катранџиски

Фестивалите, според него, треба да бидат платформи за откривање – нови стилови, нови артисти, нови погледи. „Слушајте со срце“, порача тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни