Рокас: Нема „членство од втор ред“ – Северна Македонија мора да ги спроведе реформите

Амбасадорот истакна дека во земјава се прават активности за подобрување на владеењето на правото, а во Брисел внимателно се следи подготовката на нови закони. М

Евроамбасадорот во Северна Македонија, Михалис Рокас, ја демантира идејата за „членство од втор ред“ во Европската унија, по најавата на премиерот Мицкоски дека постои опција Македонија да стане членка на ЕУ во 2027 година без право на глас.

Рокас објасни дека за такво членство треба да се променат основните Договори на ЕУ, а тоа бара едногласна согласност од сите 27 земји членки. „Во моментов, во договорите не постои проширување од втор степен, што значи дека секој успешен кандидат има право на глас и право на вето. Ако треба да го промениме тоа, мора да има ревизија на договорите која бара едногласност“, изјави амбасадорот.

Тој додаде дека најголем приоритет за Северна Македонија е спроведување на реформите и исполнување на обврските за да се обезбеди јасен и сигурен пат кон ЕУ.

Во однос на тековни судски случаи, како домашниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, Рокас потенцира дека Унијата не коментира конкретни случаи, но секогаш инсистира на еднаквост пред законот, владеење на правото без политизација и мешање. „И ова не се однесува на еден поединечен случај, туку на сите“, рече тој.

Амбасадорот истакна дека во земјава се прават активности за подобрување на владеењето на правото, а во Брисел внимателно се следи подготовката на нови закони. Министерството за правда моментално работи на изготвување на околу 30 нови закони, а ЕУ очекува сеопфатен и добар Кривичен законик.

Утре, во Европскиот парламент, Комисијата за надворешна политика (АФЕТ) ќе разгледува извештај за напредокот на земјата, во кој се укажува на политичка поларизација, недоволен напредок во борбата против корупцијата, владеење на правото и спроведување на уставните измени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни