Во среда на 30 ти мај, на плоштадот во Гевгелија, по повод Europe Day 2024, ќе се одржи концертот на Камерениот Оркестар на Битoла насловен како “Рок Симфонија”.
„Оваа магична вечер ќе ги обедини звуците на класичната музик и енергијата на рокот, донесувајќи незаборавно искуство на сите присутни“, велат од Europe House.
Заедно со оркестарот, на сцената ќе настапат познати македонски изведувачи кои со своите уникатни гласови ќе ги разбудат емоциите и ќе ја подигнат атмосферата, со изведба на најголемите македонски рок песни.
Настапуваат: Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Сашо Паркет и Наде Талеска.
Пред почетокот овој голем концерт, Еurope House го најавува и Концертот на детскиот интернационален фестивал “Калинка”, каде учество ќе земат деца кои ќе изведуваат песнички од овој детски фестивал. Концертот ќе започне во 18;00 часот.
„Придружете ни се во прославата на европското единство и културна разноликост, и дозволете музиката да ве понесе на патување кое ќе го паметите долго време“ порачуваат од Еurope House.