Родова еднаквост и различност во Берлинскиот процес: Препораки за 2025 година

Претседателката на „Реактор“ Тања Иванова ја водеше работната група за род и различност и ги сподели своите согледби во специјално поглавје од извештајот Завршни опсервации: Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организациите 2024-2025. Во него, Иванова известува дека за долгорочен напредок, потребно е да се зајакне структурата на работната група и да се вложи во нејзино институционализирање, имплементација на предложените мерки и активности, и отчетност во следењето на и за работата.

Здружението ,,Реактор – Истражување во акција“ ги објави препораките за родова еднаквост и инклузија, кои беа донесени на десеттата годишнината на Самитот на Берлинскиот процес во 2024 година, каде за првпат беше одржан Форум за родова еднаквост. Настанот беше дел од агендата за регионална соработка на Западен Балкан.

Претседателката на „Реактор“ Тања Иванова ја водеше работната група за род и различност и ги сподели своите согледби во специјално поглавје од извештајот Завршни опсервации: Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организациите 2024-2025. Во него, Иванова известува дека за долгорочен напредок, потребно е да се зајакне структурата на работната група и да се вложи во нејзино институционализирање, имплементација на предложените мерки и активности, и отчетност во следењето на и за работата.

Оттаму, беа издвоени неколку приоритети на претстојниот Граѓанскиот форум и Самитот на лидерите на Балканскиот процес, кои нудат критични можности за зацврстување на постигнатото:

Да се институционализира работната група за род и различност и Форумот за родова еднаквост како трајни платформи за стратешки дијалог и да се обезбеди нивна финансиска стабилност. Родовите и инклузивни теми да бидат вградени во сите тематски работни групи. Да се вложи во механизми за мониторирање на учеството на жените во водечките процеси, не само квалитативно туку квантитативно. Да се воведат родово-сензитивни политики во граѓанските сектори. Да се поддржи инклузивното прибирање податоци за следење интерсекциски нееднаквости.

Препораките се однесуваат и на потребите справувањето со родова еднаквост да биде еден од клучните приоритети регионално, но и да ги вклучува случаите на онлајн вознемирување, говор на омраза и политичко насилство на жени и ЛГБТИК+ лица.

Паралелно, самиот Берлински процес мора да еволуира и да покаже приоретизирање на родовата инклузија и еднаквост како клучен дел од демократското владеење. Од него, во 2025 се очекува родово-освестен и интерсекциски пристап во сите декларации, планови и регионални рамки. Понатаму, вклучување на Форумот за родова еднаквост и Работната група за род и различност во во официјалните процеси на известување и евалуација, формирање посебен фонд за родова еднаквост и поддржување на економското омоќување за намалување на родовите јазови.

Иванова, покрај економските прашања забележува дека Берлинскиот процес мора јасно да одговори на подемот на анти-родовите популистички наративи и да се заложи за заштита на постојните рамки за родова еднаквост, усогласени со меѓународните и ЕУ стандарди. Дополнително, да се разгледа предлогот за воспоставување на регионален механизам за мониторинг или родов обсерваториум, којшто би ги следел трендовите на напредок и уназадување во сите шест земји од регионот.

Извор: Реактор.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни