„Родот и градот“ – машки поглед на родовата еднаквост

Проектот е инспириран од потребата да се иницира нијансирана дискусија помеѓу мажите за родовата еднаквост, нешто што не го гледаме често во јавноста

„Родот и градот“ е серија на настани низ кои ќе се разгледуваат различните аспекти на родовата еднаквост – пред сѐ културни и општествени, како таа се разбира меѓу поединците и колективите, но и предизвиците со кои се соочуваме при нејзиното спроведување.

Првиот разговор што ќе се одржи на на 24-ти октомври во четврток, во 19:00 часот, во КОТУР, е инспириран од потребата да иницираме нијансирана дискусија помеѓу мажите за родовата еднаквост, нешто што не го гледаме често во јавноста, а носи наслов „Машкиот поглед на родовата еднаквост“.

Разговорот ќе го модерира Ирена Цветковиќ, а како панелисти свое излагање ќе имаат: Бобан Карапејовски, Никола Гелевски, Ѕвездан Георгиевски.

Проектот е кофинансиран од Kvinna till Kvinna и UK International Development.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни