Родителите преку социјалите мрежи ги бараат своите деца

Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.

Со фотографии на социјалните мрежи и оставени телефонски броеви, очајните роднини и пријатели пги бараат своите деца и своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии се објавуваат по социјалните мрежи со надеж дека некој ќе им јави во која болница се и дали се живи.

Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.


Десетици жртви имаво големиот пожар што избувнал ноќеска околу 3 часот по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во дискотеката се одржувал концерт на македонскаta група ДНК на кој присуствувале 1.500 посетители. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе е таму, а на пат за Кочани тргна и премиерот Христијан Мицкоски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни