За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа јасно испратени преку транспарентите што ги носеа.
На нив повторно беа упатени обвинувања кон институциите – за недостаток на правда и одговорност за несреќата што го потресе градот. Како и досега, маршот накратко го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, во близина на двојниот мост на Кочанска Река.
Колоната тргна од „Паркот на револуцијата“, продолжи кон Трговскиот центар, а потоа и кон Основниот суд, со запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица. Симболично, маршот заврши на местото од каде што и започна – во „Паркот на револуцијата“, како потсетник дека борбата за правда сè уште трае.
Родителите на жртвите со овој 27-ми марш уште еднаш ја потврдија својата решеност да не се откажат од барањето за целосно расчистување на трагедијата во „Пулс“ и казнување на одговорните.
Извор: Независен