Родителите добиваат застрашувачки пораки: Внимавајте на вашите деца

Во соопштението се вели дека меѓу жртвите има девет лица под 18 години, а дека илјадници луѓе се повредени.


Иранската полиција испрати СМС-пораки до жителите на Техеран во кои ги предупредува да „се грижат за своите млади и тинејџери“, објави денес Ал Џезира.

„Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени лица на некои собири синоќа и нивните планови да предизвикаат смрт, како и нивната цврста решеност да не толерираат никакво смирување и решително да се справат со бунтовниците, на семејствата им се препорачува да се грижат за своите млади и тинејџери“, пишува во пораката, објавена од Скај њуз.

Пораките би можеле да се протолкуваат како предупредување до семејствата да не им дозволуваат на младите луѓе да присуствуваат на протестите, кои започнаа на 28 декември минатата година поради падот на иранската валута и тешката економска состојба.

Најмалку 648 демонстранти се убиени во Иран, соопшти денес невладината организација за човекови права во Иран (IHRNGO) со седиште во Норвешка.

Во соопштението се вели дека меѓу жртвите има девет лица под 18 години, а дека илјадници луѓе се повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни