Родители го тужат ТикТок: Децата ни се во опасност

Седум француски семејства го тужат гигантот на социјалните мрежи ТикТок, обвинувајќи го дека платформата ги „изложува“ нивните деца на штетни содржини што неодамна доведе две деца на возрасто од 15 години да си го одземат животот.

Во тужбата тие наведуваат дека алгоритмот на TikTok изложил седум тинејџери на видеа кои промовираат самоубиство, самоповредување и нарушувања во исхраната, изјави адвокатката Лоре Бутрон-Мармион, за franceinfo. 

Семејствата преземаат заеднички правни дејствија пред судот, а адвокатката Бутрон-Мармион, рече дека тоа е прва ваква групација на случаи во Европа. 

„Родителите сакаат правната одговорност на ТикТок да биде признаена на суд“, рече адвокаткатак која додаде дека, „Ова е комерцијална компанија која нуди производ на потрошувачите кои, покрај тоа, се малолетни. Затоа, тие мора да одговараат за дефекти на производот“. 

ТикТок, како и другите платформи за социјални медиуми, долго време се соочуваат со цензура на содржината на својата апликација. Како и со Фејсбук и Инстаграм на Мета, ТикТок се соочува со стотици тужби во САД со обвинувања дека намамиле милиони деца на нивните платформи и ги направиле зависни, оштетувајќи им го менталното здравје. 

ТикТок, не ги коментираше наводите. Компанијата претходно соопшти дека сериозно ги сфаќа прашањата поврзани со менталното здравје на децата. Извршниот директор Шоу Зи Чу, на американските законодавци им рече, дека оваа година компанијата инвестирала во мерки за заштита на младите луѓе кои ја користат апликацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни