Роби Вилијамс остана вцрвенет во лицето откако неговата сакана сопруга Ајда Филд организираше целиот ресторан да му пее среќен роденден за време на нивното ски-патување.
За неговиот 50-ти роденден, Роби и Ајда отишле на патување на Алпите со своето семејство и најблиските пријатели.
Роби вцрвенет од срам останал скриен зад аголот на ски-барот додека ја изнесувале роденденска торта а сите присутни во ресторанот му пееле роденденска песна.
Ајда сподели селфи на кое таа и Роби позираат на Алпите, покажувајќи ја новата својата нова колекција облека за скијање.
Покрај многуте обајви по повод неговиот роденден неговата сопруга Ајда напиша: „@robbiewilliams Целосно засрамен кога целиот ресторан му пее „Среќен роденден“… но сите други мислиме дека тоа е навистина смешно :)’’
Пејачот, кој зад себе ги остави деновите исполнети со дрога, забави и скандали отворено зборуваше во јавноста за тоа како е „многу благодарен“ за својот живот, но призна дека „не бил голем обожавател“ на себе.
Во објавата споделена на Инстаграм, тој им се заблагодари на обожавателите и прикачи илустрација од роденденска честитка.
Извор: https://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-13079449/Robbie-Williams-left-red-faced-Ayda-Field-hilariously-arranges-restaurant-sing-happy-birthday.html