Музичарот Род Стјуард рече дека не дозволува стравот од смртта да му го уништи животот, зборувајќи за неговиот 80. роденден.
Тој признава дека е свесен оти деновите му се одброени, но одлучен е дека преостанатите години ќе ги живее со „полни гради“, наведува Мирор.
Род во животот се соочувал со сериозни здравствени проблеми. Уште во 2019 година, тој зборуваше за борбата со ракот на простатата. На него во 2000 година му е дијагностициран и рак на штитните жлезди, поради што морал да се оперира.
Тој вели дека се надева оти ќе живее уште 15 години, но признава дека нема доволно сила за да држи чекор со рокенрол начинот на живот како некогаш.
„Свесен сум дека деновите ми се одброени, но не се плашам. Сите мораме да заминеме во некој момент, па сите сме во ист кош. Ќе уживам во овие неколку години колку што можам. Велам неколку, но мислам околу 15. Лесно го можам тоа“ вели Род.
Потоа тој призна дека не е како што бил во 70тите и 80тите и дека не може да остане буден цела ноќ, да се опие, да лудува и се уште да има глас за пеење.
„Денес морам да го заштитам својот глас пред и по секој настап и да внимавам на своето здравје. Сега сум посвесен за тоа од претходно. Помалку сум и хипохондрик“ вели Род.