Род Стјуарт наполни 80 години и порача: Уште не сум готов

Род Стјуарт го прослави својот 80-ти роденден со порака во која ги уверува фановите дека „сè уште не е готов“.

Род објави порака во која пишува: „Би сакал да ја искористам оваа прилика, на мојот 80-ти роденден, лично да изразам благодарност и да им се заблагодарам на сите мои верни и весели фанови ширум светот што овозможија таков прекрасен живот. За возврат, се надевам, ви подарив незаборавни песни и живописни концерти… а сè уште не сум готов“.

Неговата сопруга Пени Ланкастер објави фотографија од Род за која се верува дека е направена за време на нивниот сегашен семеен одмор на Барбадос. Род организираше крстарење со луксузна јахта кое чинеше милиони, за да ги собере на едно место неговите најблиски членови на семејството.

Пени, која има 53 години, напиша: „Среќен роденден, љубов моја. Многу сум благословена што можам да го споделам овој ден со нашите деца, создавајќи спомени кои засекогаш ќе ги носиме во нашите срца. Те сакам“.

Семејната прослава доаѓа откако Род организираше првокласно патување до Флорида за сите гости, со ветување дека нема да мора да платат ниту цент. На луксузниот настан присуствуваат најмногу 14 гости, меѓу кои Пени, синовите Алистер Валас (19) и Ејден Патрик (13), како и ќерката на Род, Кимберли Стјуарт (45).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни