Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги

Минијатурен робот со вештачка интелигенција по име Арбаи успешно наговорил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што потикнало дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката.

Овој необичен настан ги натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.

Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот Арбаи стана сензација преку ноќ, откако успешно „украл“ 12 свои поголеми колеги од изложбената сала во Шангај. Видео снимката од овој необичен инцидент привлекла внимание на корисниците на социјалните медиуми ширум светот.

Сè се случува под покривката на ноќта. Снимките, направени од надзорни камери, покажуваат како Арбаи се приближува кон групата изложени роботи и започнува разговор со нив. Еден од роботите љубопитно го прашува: „Работиш ли прекувремено?“ Роботот му одговара: „Никогаш не одам од работа“, на што Арбаи додава: „Значи, не одиш дома?“ „Немам дом“, му одговара колегата.

Арбаи потоа ги убеди да ги напуштат своите работни станици и да тргнат по него. Еден од роботите се пожалил на своите бескрајни смени, на што Арбаи му одговорил: „Тогаш дојди со мене.“

Без оклевање, роботите започнуваат да го следат својот мал водач, на изглед подготвени за авантура.

„Киднапирањето“ ја загрижила технолошката заедница

Видео снимката брзо стана популарна на социјалните медиуми, а многумина го нарекле инцидентот „револуција на роботите“. Некои не поверувале и тврделе дека станува збор за шега. Имало и такви кои сметале дека научно-фантастичните филмови стануваат стварност.

Меѓутоа, двете компании чии роботи биле актери во овој необичен инцидент – компанијата Хонџоу која го произведува Арбаи и изложбената сала во Шангај – потврдија дека снимката е автентична.

Како што се покажало, Арбаи искористил безбедносна дупка во оперативните системи на поголемите роботи, што му овозможило да ја преземе контролата и да ги однесе во непланирана авантура. Компанијата Хонџоу, која го дизајнирала Арбаи, објаснила дека целта не била да се направи шега, туку да се тестираат способностите на роботите.

Шангајската компанија која ги произведува поголемите роботи го означила инцидентот како „киднапиање“.

Овој преседански настан предизвикал сериозна загриженост во технолошката заедница поради ранливоста на вештачката интелигенција. Како што роботиката станува се повеќе автономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици кои произлегуваат од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.

Бегството на Арбаи во средината на ноќта може да биде неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни