Главниот град на Австрија ќе биде домаќин на неверојатни музички настани во 2025 година, со настапи на светски познати ѕвезди како Били Ајлиш и Guns’n’Roses.
На самиот почеток од годината, американскиот панк-бенд Dropkick Murphys ќе одржи два концерта во Gasometer на 14 и 15 февруари. По нив, британскиот кантавтор Џејмс Блант, познат по хитот „You’re Beautiful“, ќе настапи во Виена. Евровизиската шампионка Лорин, победничка во 2012 и 2023 година, ќе ги изведе своите хитови „Euphoria“ и „Tattoo“ на концертот во Gasometer на 28 февруари.
Легендарниот Лени Кравиц ќе настапи на 9 март во салата Stadthalle.
Летото во Виена започнува со еден од најочекуваните настани – концертот на поп-иконата Били Ајлиш. Таа ќе настапи на 6 јуни во рамките на нејзината турнеја „Hit me Hard and Soft“. На крајот на јуни, на 30-ти, Виена ќе биде домаќин на легендарниот Карлос Сантана, кој ќе ги изведе своите најголеми хитови како „Black Magic Woman“ и „Corazon Espinado“ во Stadthalle.
Јули носи низа спектакуларни концерти:
- Робби Вилијамс на 12 јули на стадионот Ernst-Happel
- Лајонел Ричи на 16 јули во Stadthalle
- Iron Maiden на 17 јули
Кулминацијата на летните концерти ќе биде настапот на Guns’n’Roses на 24 јули на стадионот Ernst-Happel. Концертот е дел од нивната голема европска и блискоисточна турнеја, со специјални гости – панк-легендите Секс Пистолс и Франк Картер.
Виена во 2025 ветува незаборавни музички моменти за сите вкусови!