Новиот албум на британскиот поп-изведувач Роби Вилијамс го зазеде првото место на топ-листите, што му успеа по 16-ти пат во кариерата, со што го надмина рекордот на легендарниот бенд The Beatles.
Вилијамс им се заблагодари на своите фанови, истакнувајќи дека тие му ги „оствариле соништата“, пренесе агенцијата PA Media.
Според податоците на OCC, официјалната компанија која изготвува топ-листи во Велика Британија, Вилијамс сега има најмногу албуми кои достигнале прво место, надминувајќи го ливерпулскиот бенд. Пред објавувањето на албумот „Britpop“, тој беше изедначен со The Beatles со 15 албуми на прво место.
Следете нè на нашите Facebook и Instagram страници, како и на X профилот за најновите музички вести.
