„Го напуштив училиштето мислејќи дека сум глупав… Сега само сакам да докажам дека тие луѓе не се во право!“, вели Роби објаснувајќи дека тогаш се уште не му била дијагностицирана дислексија, дискалкулија и АДХД.
„Цел живот се чувствував лошо затоа што во седумдесеттите и осумдесеттите не знаевме за дислексија. Го напуштив училиштето мислејќи дека сум навистина глупав и ми требаше долго време да го преболам тоа. А сега само сакам да отидам назад и да докажам дека неколку луѓе не биле во право – не сум“, вели Роби.
Покрај тоа што сака да го повтори својот GCSE (општ сертификат за средно образование), Роби Вилијамс размислува за ТВ-шоу за неговото враќање на училиште.
На Роби Вилијамс му беше дијагностицирана дискалкулија во 2020 година, поради што не можеше да прави едноставни математички равенки, а состојбата имаше големо влијание врз неговиот секојдневен живот:
„Не ги знам датумите на раѓање на моите деца, не знам кога е мојата годишнина од бракот и не знам кога е роденденот на мојата сопруга. Не можам ни да се сетам на нашиот куќен број во Лос Анџелес. Тој е четирицифрен. но не можам да се сетам кои се тие бројки“.
И покрај неговата дијагноза и нецелосно образование, Вилијамс постигна голем успех со Take That, а потоа изгради импресивна соло кариера која траеше децении. Пејачот моментално го промовира својот биографски филм „A Better Man“, каде што е претставен како CGI мајмун.