Државниот секретар за здравство на САД, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, го распушти експертскиот советодавен одбор за вакцини, што ги водеше препораките за вакцини на федералната влада, нагласувајќи дека групата е „преполна со судири на интереси“, објави Си-ен-ен.
Целиот 17-член Советодавен комитет за имунизација (ACIP), што ги советува Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за распоредите за вакцинација и задолжителното покривање на имунизацијата, ќе биде повлечен и заменет со нови членови, објави Кенеди во колумна на Волстрит џурнал.
Тој додаде и дека конфликтите на интереси во Советодавниот комитет за практики на имунизација (ACIP) се одговорни за поткопување на довербата во вакцинациите.
Кенеди рече дека многу од членовите на одборот, биле „назначувања во последен момент“ од администрацијата на Бајден.
„Без отстранување на сегашните членови, сегашната администрација на Трамп нема да може да ги назначи повеќето од новите членови до 2028 година“, напиша тој.
Повеќето од членовите на Комитетот се лекари од различни области и експерти поврзани со големи универзитетски медицински центри.