Роберт Де Ниро: Никогаш не би го глумел Доналд Трамп

Холивудскиот актер Роберт де Ниро изјави дека никогаш не би го глумел поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи како што рече „не гледа ништо добро во него“.

„Суштината на следните избори е Бајден наспроти Трамп. Дали сакаме да бидеме во свет каде што можеме да живееме и да уживаме или во кошмар. Гласот за Трамп е глас за кошмар, гласот за Бајден е глас да се вратиме во нормала“, изјави Де Ниро за Гардијан.

Де Ниро рече дека не сака повторо да се чувствува како што се чувствувал по изборите во 2016 година, каде што, како што рече актерот, „не можел да поверува што се случило“.

“Тој лик е тотално чудовиште. Никогаш не би го глумел бидејќи не гледам ништо добро во него. Воопшто ништо. Нема ништо што може да се откупи кај него”, тврди Де Ниро.

Де Ниро често го критикуваше Трамп, па зборуваше против него и за време на доделувањето на наградите Готам во декември.

„Поранешниот претседател излага повеќе од 30.000 пати додека беше претседател и ќе продолжи со тоа темпо во својата одмаздничка кампања“, рече тогаш Де Ниро.

Трамп му одговори на Де Ниро, нарекувајќи го „тотален губитник“ чии актерски таленти се „значително намалени“.

Извор: https://www.politika.rs/scc/clanak/603385/De-Niro-Nikada-ne-bih-glumio-Donalda-Trampa

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни