Роберт де Ниро и Ал Пачино заедно во модна кампања: Овие слики влегуваат во историјата

Ал Пачино и Роберт Де Ниро, ги здружија силите – не на големото платно, туку во кампања за луксузниот моден бренд Монклер.

Роберт де Ниро и Ал Пачино заедно во модна кампања

Кампањата, која е дел од глобалното лансирање на новата зимска колекција, ги прикажува Пачино и Де Ниро како се зближуваат и уживаат во топли парчиња облека од Монклер.

Двајца големи филмски асови, Ал Пачино и Роберт Де Ниро, повторно ги здружија силите – не на големото платно, туку во единствена заедничка кампања за луксузниот моден бренд Монклер. Овие иконски актерски имиња, познати по нивните заеднички улоги во филмови како „Ирецот“ (2019), „Праведниот убиец“ (2008), „Жештината“ (1995) и „Кумот II“ (1974), се здружија за прв пат во маркетиншки проект наречен „Заедно потопло“.

Кампањата, која е дел од глобалното лансирање на новата зимска колекција, ги прикажува Пачино и Де Ниро како се зближуваат и уживаат во топли парчиња облека од Монклер, како симбол на пријателство, поврзаност и човечка топлина.

„Топлината никогаш не била само надворешна“, вели Де Ниро во видеото за кампањата. „Секогаш било тоа што се случува внатре.“ Пачино додава, „Пријателството е најубавото нешто што може да го имате. Пријатели, луѓе со кои го делите истиот свет. Постои вродена доверба и разбирање на животот.“

Стил што трае повеќе од 70 години
За Moncler, бренд синоним за зимски јакни и термална облека со децении, оваа кампања носи подлабока порака. „Moncler не е само облека, туку љубов и чувство на заедница“, објаснува претседателот и извршен директор на Moncler, Ремо Руфини. „Овие вредности обликуваат сè што правиме повеќе од 70 години. Низ секој производ и секоја кампања тече нишка на емоции и човечка поврзаност. Низ приказната за пријателството, Ал Пачино и Роберт Де Ниро отелотворуваат сè за што Moncler навистина се залага: наклонетост, топлина и верување дека заедно секогаш сме подобри и потопли.“

Кампањата е снимена од познатиот фотограф Платон во Њујорк, прикажувајќи ја нивната приказна во црно-бели фотографии и кратки филмови кои се фокусираат на пет теми: пријателство, почит, поврзаност, доверба и топлина. Како дел од кампањата, амбасадорот на Монклер, Тоб Нвигве, и неговата сопруга Фет снимија верзија на иконската песна на Бил Витерс „Lean on Me“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни