„Роња, ќерката на ограбувачот“ освои три награди на фестивалот во Загреб

Претставата освоила три награди и тоа: Матеа Јанковска за актерско остварување во насловната улога, награда за колективна анимација на кукли и награда за сценографија за Олга Зебињска

Претставата на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“ од гостувањето на Фестивалот во Загреб се врати со три награди.

Како што соопштија од театарот, претставата на режисерот Јакуб Максимов, кој е автор на драматизацијата, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен, освоила три награди и тоа: Матеа Јанковска за актерско остварување во насловната улога, награда за колективна анимација на кукли и награда за сценографија за Олга Зебињска.

Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов.

Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите.

Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни