Ројтерс: Напнати односи помеѓу Индија и Пакистан- земјите се на работ од вооружен конфликт

Тензиите помеѓу овие две земји се зголемуваат, а се зголемува и стравот дека Индија и Пакистан би можеле да започнат конфликт по смртоносниот напад на 22 април на хиндуистички туристи во индискиот Кашмир.

Пакистан денеска изврши втора ракетна проба во последните три дена, додека властите во Индија наредија да се спроведат безбедносни вежби во неколку држави. Односите помеѓу двете земји се на работ од вооружен конфликт, јавува Ројтерс.

Тензиите помеѓу овие две земји се зголемуваат, а се зголемува и стравот дека Индија и Пакистан би можеле да започнат конфликт по смртоносниот напад на 22 април на хиндуистички туристи во индискиот Кашмир.

Додека светските сили повикуваат на смирување на ситуацијата, односите помеѓу овие две нуклеарно наоружани земји значително се влошија по нападот на 22 април во индискиот Кашмир во кој загинаа 26 луѓе. Тоа беше најтежок напад врз цивили во Индија во последните две децении.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни