РК Алкалоид со екстра засилување: Борзаш доаѓа на бековската позиција

Борзаш очекува голема конкуренција во македонската лига, која, според него, годинава ќе биде посилна од кога било

РК Алкалоид овојувачот на Европскиот Куп продолжува со засилувањата за новата сезона, а едно од најзвучните имиња кои му се приклучија на тимот е српскиот репрезентативец Урош Борзаш.

Бекот, кој важи за играч со силен шут и искуство од натпреварувања на високо ниво, веќе ги започна подготовките со новите соиграчи во Автокоманда.

“Убаво и добредојдено се чувствувам во Алкалоид. Уште од стартот сите ме прифатија, атмосферата е тимска и позитивна. Условите за работа се врвни – можеби и најдобрите во Македонија, па затоа мотивацијата е на највисоко ниво уште од првиот тренинг”, изјави Борзаш.

Борзаш очекува голема конкуренција во македонската лига, која, според него, годинава ќе биде посилна од кога било. “Четири екипи се сериозни, ќе има многу тешки натпревари. Нема да давам прогнози, сезоната е долга, но верувам во тимот и во насоките што ни ги дава тренерот Кире Лазаров. Ако бидеме трпеливи и работиме напорно, резултатите ќе дојдат”.

На европска сцена, Алкалоид пред себе има сериозен предизвик – двобој со германскиот бундеслигаш Хановер.

„Жрепката не беше лесна, но шансата постои. Посебно кога играме дома, Алкалоид знае да изгледа силно. Првиот меч мора да го одиграме перфектно, без грешки, со минимален број загубени топки и максимално искористување на шансите за гол. Само така ќе ја задржиме можноста да избориме место во групната фаза” додава тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни