РК Алкалоид го доби најтешкиот можен противник во баражот за ЕЛ

Првиот натпревар РК Алкалоид ќе го игра на гости во Германија (30/31 август), додека реваншот е во Скопје (6/7 септември)

Македонскиот ракометен клуб и актуелен шампион на Европскиот куп на ЕХФ, РК Алкалоид денеска не го послужи среќата во жребот за квалификациите во групната фаза на второто по квалитет натпреварување, Европската лига.

За да се пласира во групната фаза, Алкалоид мора да го мине силниот германски тим Ханофер-Бурдхорф.

Првиот натпревар РК Алкалоид ќе го игра на гости во Германија (30/31 август), додека реваншот е во Скопје (6/7 септември).

Во продолжение останатите двојки во квалификациите:

Ханофер-Бургдхорф (Германија) – Алкалоид (Македонија)
Морс-Ти (Данска) – Сен-Рафаел Вар (Франција)
Горење (Словенија) – Кринс-Луцерн (Швајцарија)
Ирудек Бидасоа (Шпанија) – АБЦ Де Брага (Португалија)
Хробри Глогув (Полска) – Карлскрона (Шведска)
Минаур (Романија) – Стјарнан (Исланд)
Дуго Село (Хрватска) – Сесвете (Хрватска)
Елверум (Норвешка) – Батко Торелавега (Шпанија)
Берн (Швајцарија) – Чаковец (Хрватска)
САХ Скандерборг (Данска) – Маритиму (Португалија)
Севехоф (Шведска) – Малме (Шведска)
Партизан (Србија) – Карвина (Чешка)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни