Откако ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, РК Алкалоид, се сврте кон плановите за следната сезона каде ќе мора да биде многу поконкурентен со Вардар и Пелистер.
За следната сезона менаџментот на клубот од скопска Автокоманда договори соработка со седум нови играчи.
Станува збор за Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски, Давид Трајкоски, како и српскиот репрезентативец Урош Борзаш.
„РК Алкалоид, останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена“ велат од управата на клубот.