Глобалната поп-ѕвезда Рита Ора ќе настапи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Информацијата ја објавија од Pragma Music Entertainment на нивниот официјален Facebook профил, најавувајќи спектакл што ќе го одбележи летото 2026.
Рита Ора е една од најпрепознатливите музички и модни икони на денешницата – со милијарди стримови, бројни светски признанија и настапи на најголемите сцени во светот. Овој пат, токму Охрид е дел од нејзината концертна агенда.
Со хитови што редовно освојуваат топ-листи и сценска енергија што ја подигнува публиката на нозе, се очекува вистинско шоу под отворено небо, во еден од најатрактивните градови во регионот.
