“Risk Map 2025”- листа на најризични држави и градови за 2025 година: Меѓу најнесигурните е и една поранешна ЈУ република

Три најопасни града за патниците се Банги во Централноафриканската Република, Бејрут во Либан и Газа во Појасот Газа

Глобалната мапа на ризик, која ја оценува безбедноста на државите и градовите за патувања за 2025 година, беше објавена неодамна. На врвот на листата се наоѓаат земји погодени од граѓански војни, како што се Буркина Фасо и Централноафриканската Република.

При изработка на мапата се земени предвид ризиците од избивање насилства, социјални немири, насилен и помал криминал, како и климатски промени.

Меѓу најризичните држави се и Либан и Израел, иако овие земји неодамна потпишаа договор за прекин на огнот.

Картата ја изработија Safeture и Riskline, а “Risk Map 2025” опфаќа 77 земји, вклучувајќи го Израел, Западниот Брег, Газа, Либан и Иран. Во овие држави дошло до влошување на безбедносната ситуација во однос на претходната година.

Сирија исто така останува на листата на најнесигурни земји, а патувањето во оваа земја треба особено да се избегнува во наредниот период, поради немирите кои избиле откако побунениците го соборија диктаторот Башар ал-Асад од власт.

Три најопасни града за патниците се Банги во Централноафриканската Република, Бејрут во Либан и Газа во Појасот Газа.

Иако Европа историски била сметана за стабилен регион, картата покажува дека ризиците во овој дел на светот сега растат. Велика Британија, Франција, Шпанија и Шведска се преместени во категорија “умерен ризик”, додека Италија, Холандија и Полска исто така забележале зголемување на ризикот.

Сите држави се рангираат во пет групи според нивото на ризик: низок, умерен, среден, висок и екстремно висок.

Државите кои станале побезбедни и преминале од повисок ризик во категоријата “умерен” во последната година се Ерменија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Кина, Мароко и Куба.

Државите кои се сметаат за “ниски ризик” за патувања се Германија, Швајцарија, Луксембург, Белгија, Финска, Исланд и Норвешка, како и Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Јапонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни