Современиот танц не е само движење, туку начин на мислење, чувство и отпор. Во ова интервју, Рисима Рисимкин зборува за уметноста како личен јазик на слободата, за процесот на создавање, што е истовремено и предизвик и радост, но и за улогата на публиката во современата сцена. Од новите кореографии до фестивалите што ја обликуваат иднината на танцот, таа отвора искрен поглед кон еден свет што постојано се менува.

Трн: Што за вас значи „современ танц“ денес?
Рисима: Визбудлива приказна е секогаш. Начин на изразување, во кој се чувствувам комплетно своја. Уметност која тотално ме предизвикува и ме прави среќна.
Трн: Што е поголем предизвик, да создадете дело или да создадете публика?
Рисима: Најголем предизвик ми е создавањето ново оригинално дело. Ме носи во еден сосема поинаков момент и секогаш се радувам на убавината на самиот процес. Тоа е процес кој е краткотраен и бара многу голема креативност. Создавањето публика е долг процес, во кој е потребна стратегија. На некој начин, не можам да ги споредам, мислам дека одат парарлелно. Кога имате добро дело, нова кореографија, имате шанси да создадете и публика. Интерарт културниот центар (кој годинава одбележува 30 години, што е исклучителен момент во нашево опкружување) со години ја гради и создава современата танцова сцена кај нас и создава публика.

Трн: Дали уметноста денес има доволно простор да биде слободна?
Рисима: Уметноста МОРА секогаш да го најде патот кон слободата. Јас можам да зборувам само за денес, во смисла на времете во кое живееме, се друго се претпоставени нешта, во смисла на како било. Јас се изразувам со полна слобода и уметничкиот порив не ми е контролиран од никој. Ако мислите на светски рамки, зависи од тоа каде сте, но, пак ќе кажам, според мене ументикот секогаш го наоѓа патот кон слободата на изразот.
Трн: Вашите дела често обработуваат теми како идентитет, тело и општество. Што ве инспирира денес?
Рисима: Во моментов ме инспирира патот по кој одиме. Идентитетот е дел од нашето живеење и е тема за која можат да се направат многу претстави. Некогаш ме инспирираат дела со литературна подлошка, како на пример: Жените кај Шекспир или поезијата на Марина Цветаева или Елиот.
Трн: Претставата „Пајажина“ отвора прашања за изборот и судбината – дали верувате дека човекот ја контролира сопствената насока? Како телото станува наратив во ова дело?
Рисима: Човекот сигурно ја создава насоката. Дали е тоа вистинскиот избор, никогаш не знаеме, бидејќи немаме можност да ја провериме обратната ситуација. Тоа е филозофијата на животот: дали изборот ни ги отвара вистинските врати? Телото е мојата алатка на изразување. Зато и станува наратив. Во секој случај темата која ја работам е апстрактна и телото е најдобриот избор да разкажеме нераскажлива приказна, хахаха.
Трн: Што очекувате од младите уметници кои ќе учествуваат на натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“?
Рисима: Очекувам, пред се убавина и нивен развој во вистинска насока. Мислам дека сите се возбудени и дека овој натпревар им даде вистински предизвик. Драго ми е што Инетрарт, во соработка со Францускиот инситут од Скопје, се организатори на натпреварот, бидејќи ќе отвори нови перспективи за овие млади уметници, што е основната идеја заради која влеговме во организација на истиот.

Трн: Танц фест Скопје годинава го отвора своето 22-ро издание. Што го прави оваа година интересен фестивалот?
Рисима: Знаете дека се повлеков од ументичкото водство на фестивалот пред две години. Она што сега ме радува е дека фестивалот и со новото раководство, ги задржува вистинските вредности и прави исклучителен пробив кај младите, оди во чекор со современите светски тренадови. Многу е возбудлива програмата, за прв пат има Скопје танцова платформа, на која ќе присуствуваат околу 50 уметници, продуценти, менаџери од Европа, кои ќе имаат можност во само три дена да видат 14 кореографии од домашни и регионални уметници. На три различни сцени во градот: МНТ, НОБ и МКЦ ќе се одвива програма која ќе даде пресек на најновите продукции од домашни автори. Во еден моемнт отворањето на Скопје танцовата платформа се спојува со Денови на македонски крооеграфи, во организација на Националната опера и балет, што е исто така возбудлив момент. Фестивалот годинава се оддржува, и поточно, за прв пат се затвара во Битола, што е еден одличен исчекор и навистина е добро што оствари соработка со Општина Битола, покрај Минситерствтот за култура и туризам, кој го подджа, како и погоелм број на поддржувачи. Исклучителен момент е секако и прогармата ТанцТек – спој на танцот и новите технологиии, кој за прва пат Танц Фест ги носи кај нас. Публиката има можност да види многу новитете и мислам дека Танц Фест повторно дава поттик во вистинска насока, бидејќи гледаме дека поттикнавме поголем интерес и кај други субјекти за бавење со новите технологии и современито танц. Ме радува што остануваме предвесници на се што е современо и квалитетно и дека се развиваат работите во таа насока.