Фестивалот за класичен балет и модерен танц, кој се одржа по петти пат, чиј уметнички директор е Маја Каревски, а е во организација на Детскиот културен центар од Карпош, предводен од директорката Биљана Лалчевска Серафимовска, беше воспоставена наградата „Ѓорѓи Македонски“ според основоположникот на македонскиот балет, кој постхумно доби награда за неговата дејност.
Наградата ја доби Рисима Рисимкин, која годинава одбележува 45 години уметничко творештво, информираат во писмено соопштение од Фестивалот.
Воедно, Универзитетот „Гоце Делчев“ доби благодарница за особен придонес во балетската уметност.
-Ми претставува огромна чест да добјам награда, која го носи името на Ѓорги Македонски, основоположник на балетската уметност кај нас, без чија работа никој од нас не би бил тука во моментов. Знаеме дека без минато, немаме ни иднина и сакам да ја споделам оваа награда со сите млади ученици и уметници кои вечерва ќе настапат на сцената, а кои се нашите идни балерини и современи танчари, изјави Рисимкин.